На автопатoт кај клучка Стајковци, вчера во 14.15 часот патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид, при што возачот починал на лице место.
„Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила Х.А. (49) од Скопје. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека 14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување“, соопштија од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.