Починаа уште 8 пациенти од Ковид-19, на двајца тест им бил направен по смртта

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, но регострирани се и 8 починати.

-Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни.

На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г).

Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем, велат од Министерството за здравство.

Бројот на починати се искачи на 201.

Поврзани новости