822
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 1.216 заразени со Ковид-19, но и 15 пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.
-Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.