Починаа уште 10 заразени со ковид, вкупната бројка надмина илјада

by Фокус
Во изминатото деноноќие, починале се 10 лица заразени со ковид 19, при четворица пациенти се од Скопје (67, 58, 64 и 76), двајца од Прилеп (70 и 73), еден пациент од Битола (52), еден од Охрид (77), еден од Кочани (48) и еден пациент од Пробиштип (76). Сите се починати во болнички услови. Истовремено, регистрирани се 359 оздравени пациенти.
– Скопје 125
– Куманово 24
– Дебар 14
– Штип 12
– Прилеп 9
– Тетово 34
– Струга 1
– Велес 4
– Битол 9
– Кавадарци 2
– Гостивар 4
– Гевгелија 7
– Струмица 30
– Крива Паланка 2
– Радовиш 4
– Кочани 32
– Пробиштип 1
– Берово 2
– Валандово 3
– Виница 5
– Делчево 24
– Свети Николе 5
– Кичево 5
– Ресен 1
Досега, во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 32.436. Притоа, бројката на оздравени пациенти е 21.090, на починати е 1.004, а бројот на активни случаи изнесува 10.342.

Поврзани новости