Починаа тројца пациенти од корона, двајца од Скопје и еден од Штип

by Fokus

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип, информираа од министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 70
-Штип 6
-Прилеп 4
-Тетово 31
-Велес 3
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Кичево 1
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

Поврзани новости