Во изминатите 24 час се регистрирани рекорден број на заразени со корона вирусот, односно 386. Во истиот период починале и шестмина пациенти.
-Во болнички услови починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.), велат од министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373.