430
Во изминатите 24 часа, регистрирани се двајца починати од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
-Пациент од Скопје, на возраст од 89-години, почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кој бил хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април, велат од министерството.
Од таму денеска соопштија дека се регистрирани и нови 17 заболени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.