Од Министерството за здравство информираат дека во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, заразени со корона вирусот. Вкупната бројка на починати се искачи на 61.
-Пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, велат од министерството.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.386, а последната дистрибуција по градови е следна:
Направените 335 теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода – 15 и МАНУ -5 . Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.
На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.