Починаа двајца мажи, еден од каснување од оса, друг од змија!

by fokus

Во ЈЗУ Општа болница Велес вчера бил донесен маж на 60-годишна возраст без знаци на живот, кој бил искасан од оси на работното место во населба Рачани.

Реанимацијата била безуспешна, а настанот се случил околу 11 часот. Уште кога пристигнала екипата на итната медицинска помош, човекот бил во кома.

Речиси истовремено, и 30-годишен маж од Велес бил искасан од оси, но по укажаната лекарска помош неговата состојба била добра и бил испратен на домашно лекување.

Освен настанот во Велес, вчера и во Неготино јавноста се вознемири од случајот со маж на возраст од околу 25 – 30 години, кој беше пронајден починат кај градската депонија Дуброво.

Станува збор за мигрант, чие тело е предадено на обдукција, но според првичните информации, мажот бил каснат од отровна змија.

Тој веднаш побарал помош од хуманитарна организација и ја оставил точната локација. Неговото безживотно тело, без знаци на насилство било пронајдено завчера во 22 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово.

Вики Клинчарова

Поврзани новости