636
Од Министерството за здравство информираат дека се регистрирани уште 4 нови смртни случаи на заразени со корона вирусот, со што вкупната бројка на починати се искачи на 77.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.
Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово, информираат од Министерството за здравство.