Четворица пациенти заразени со Ковид-19 починале во последново деноноќие, соопштуваат од Министерството за здравство. Двајца од починатите се од Скопје на возраст од 61 и 59 години, еден пациент од Куманово на возраст од 69 години и пациентка од Штип на возраст од 70 години. Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.