859
Во изминатото деноноќие починаа 28 лица заразени со ковид, од кои девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85), еден од Дебар (82), еден од Штип (61), пет од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64), еден од Струга (57), еден од Велес (70), еден од Охрид (39), двајца од Гостивар (69 и 53),еден од Струмица (55), еден од Кратово (74) и еден пациент од Ресен (69). Од нив двајца пациенти се починати вон болнички услови.
Во истиот период, Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59.701, бројката на оздравени пациенти е 36.825, на починати е 1.658, а бројот на активни случаи изнесува 21.218.