Починаа 20 пациенти од корона вирус, оздравени 241

by Fokus

Во последните 24 часа како резултат на компликации на корона вирусот пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 241 оздравен пациент од:

-Скопје 152

-Гевгелија 20

-Велес 15

-Куманово 14

-Гостивар 13

-Битола 9

-Штип 6

-Ресен 4

-Валандово 3

-Струмица 2

-Кичево, Радовиш и Свети Николе по 1

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Поврзани новости