868
Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа регистрирани се 521 оздравени пациенти од корона вирусот.
Од Скопје – 166, Прилеп – 72, Охрид – 54, Кавадарци – 47, Неготино – 40, Куманово – 28, Тетово и Кочани – по 18, Велес, Струга и Крива Паланка – по 15, Гевгелија – 5, Богданци – 4, Крушево – 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.