Починаа 12 лица, 373 нови случаи на КОВИД-19

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, од 5.489 тестирања регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19, а 12 лица починаа.

Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 24, Битола – 19, Кавадарци – 18, Охрид – 13, Велес – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Куманово – 6, Ресен, Тетово и Радовиш – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Струмица и Кратово – по 3, Неготино и Кочани – по 2, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две починати лица од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.

Направени се 5.489 тестови преку: ИЈЗ-322, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-242, Биотек-258, Систина-92, лабораторија Лаор-279, Синлаб-54, Ремедика-12, Плодност-66, Генеа-28, Никоб лаб-624, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-131, Ројал Медика–64, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–72, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.586.

Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.

Поврзани новости