Починаа 11 заразени од Ковид-19, најмладиот е 41-годишен кочанчанец

by fokus

Во изминатите 24 часа починале 11 заразени со корона вирусот.

-Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.

Поврзани новости