669
Пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир кој што утринава се случи на автопатот Велес-Скопје, објави телевизија Канал 5.
Почина жената која што со тешки телесни повреди беше пренесена на КАРИЛ по веружната сообраќајна несреќа што се случи утринава околу осум часот кај местото Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје. Во несреќата повредени беа и нејзиниот сопруг и внука, сите од Кавадарци кои со полесни повреди завршила во велешката болница, каде што се задржани на понатамошна опсервација.
Според последните информации од полицијата сообраќајката се случила помеѓу седум возила, од кои едно избегало од местото на несреќата.