Почина затвореник во штипскиот затвор

by fokus

На 27.12.2019 околу 13,45 часот во СВР Штип било пријавено дека К.А. (41) од Кочани -затвореник во КПД ,,Штип“ додека бил во неговата соба во полуотворениот дел од затворот заедно со други затвореници се пожалил за неговата здравствена состојба по што паднал и не давал знаци на живот.

Според пријавеното, тој бил однесен во затворската амбуланта каде му била дадена медицинска помош по што од лекар од итната медицинска помош  била константирана смрт, без знаци на насилство.На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и  увидна екипа  од СВР Штип. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани новости