680
Затвореник починал вчера на скопските клиники, откако бил донесен на 4 мај со здравствени проблеми, информираат од МВР.
„На 23.05.2020 во 11,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово, кој бил донесен на 04.05.2020 од КПУ Идризово со здравствени проблеми. Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од МВР.