573
54-годишен затвореник сместен во Казнено поправна установа Идризово во текот на вчерашниот ден починал, пренесува МВР.
„На 14.11.2018 година во 10.56 часот во СВР Скопје, пријавено е дека околу 06.30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал В.М.(54)-затвореник во Казнено-поправната установа Идризово, на кој на 13.11.2018 година околу 16.00 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина“, додаваат од МВР.