970
По кратко боледување утрово во Скопје на 63 годишна возраст почина долгогодишната новинарка Гордана Стошиќ.
Во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1.
Во својата богата новинарска кариера Стошиќ беше генерален директор на Македонската радио-телевизија (МРТВ) во периодот од 2002 до 2006 година како и уредник на информативната програма во првите години кога се основаше А1 телевизија.
-Стошиќ во уредничката кариера остави печат со обуката на млади новинари. Во својот работен век Стошиќ раководеше и низа други медиумски проекти, а беше активна и во граѓанскиот сектор.
ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството на колешката Гордана Стошиќ, соопшти ЗНМ.