998
По долго боледување, денеска почина Владимир Змјековски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше член на Форумот на слободоумни патриоти на партијата.
Од него се прости и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој напиша:
-Се опростуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси. Своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас. Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир.