0
На 73 годишна возраст денеска почина Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј. Тoj ја загуби битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето.
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски[1]. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија.
Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.