Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.
Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.
– И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.
Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.
На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.
Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар.