Почина турскиот опозициски пратеник Хасан Битмез, кој пред два дена доживеа срцев удар додека говореше на говорница во парламентот.
Битмез, кој беше член на партијата Фелисити (Саадет), падна покрај говорницата додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.
– Нема да избегате од Алаховиот гнев – рекол Битмез (54) неколку моменти пред да се онесвести и да ја удри главата на подот.
Turkish MP threatens violence against Israel saying the Jewish state will suffer the ‘Wrath of Allah.’
Moments later he has a heart attack and collapses.
— Oli London (@OliLondonTV) December 12, 2023
Неговите колеги веднаш скокнаа за да му помогнат.
Министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање соопшти дека Битмез починал во болница во Анкара.