Почина сопругот на Силвана Бонева, заедно поминаа 44 години

by Fokus

Александар Бонев, сопруг на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, починал денеска по кратко боледување. Пораки со сочувство се објавуваат на страницата на Бонева, која во знак на жалост ја промени профилната фотографија во црна боја.

Парот поминал дури 44 години заедно. Кога пред четири години добија внука, Силвана објави стара фотографија, на која е заедно со Александар, појаснувајќи дека се пресреќни што пред 40 години си дале збор, односно се вериле, и токму во истиот период, на лето, по 40 години, станале баба и дедо. Пред само шест дена пак, поранешната пратеничка објави дека наполнила 62 години и се пензионирала.

-Поминаа 62 лета, исполнети со секакви животни радости, предизвици, бури и конечно пензионер! Нека Бог и понатаму биде со мене и моите сакани, на мојот животен пат – напиша таа на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости