450
Мирјана Марковиќ, првата претседателка на југословенската левица (ЈУЛ) и сопругата на поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ, почина денеска во болница во Сочи во 77-та година.
Таа почина во Русија, која и даде азил во 2010 година, бидејќи беше во бегство од судските органи на Србија, кои за неа распишаа потерница во рамки на истрагата за злоупотреба при распределбата на државните станови во 2000 година.