Почина синот на фолк пејачката Сузи Анѓелковиќ

by Fokus

Шок и неверување утрово предизвика веста дека фолк пејачката Сузи Анѓелковиќ го изгубила синот Робертино. Стотици пораки со сочувство оставаат блиските на Сузи, како од Македонија, така и од соседна Србија, каде таа настапуваше изминатиот период.

Причината за ненадејната смрт на младото момче се уште не е позната. Голем дел од нашата естрада од рано утринава и изразува сочувство на Анѓелковиќ, која отсекогаш важела за скромна пејачка и посветена мајка на своите два сина.

Родена е во Власотинце, и ја започна кариерата уште пред околу 25 години. Набргу потоа се пресели во Македонија, од каде ја продолжи кариерата.

Сними албуми со македонски песни, и не криеше дека има голема љубов кон Македонија и нашиот народ.

Нејзината песна ,,Пусти да се парите” своевремено стана голем хит, како и песните ,,Многу сакам да те видам”, ,,Ксметлија”, и други. Исто така, таа ја сними и песната ,,Тигри македонски” посветена на специјалната единица Тигри.

Последните неколку години имаше чести настапи во Врање, соседна Србија, но и во локали во нашата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости