Почина Шенон Доерти – ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ ја загуби битката со опасната болест

by Fokus

Познатата актерка Шенон Доерти, која многумина ја паметат по улогите во серијата „Беверли Хилс“ почина на 53-годишна возраст. Доерти боледуваше од рак на дојка во последниве години.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот, актерката Лесли Слоун.

„Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, продолжи Слоун.

Шенон популарноста ја стекна во сериите „Беверли Хилс“ и „Шарм“, а за првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година.

Иако првите резултати беа охрабрувачки, болеста се врати во 2017 година и потоа се прошири.

Таа покажа храброст и се бореше до крај и покрај лошите прогнози.

Поврзани новости