Почина седумгодишно дете во Велес

by Fokus

Вчера во болницата во Велес било донесено седумгодишно дете без знаци на живот. За жал, безуспешен бил обидот на лекарите да го реанимираат.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски кој информира дека телото на почнатото дете е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Детето имало здравствени проблеми и утрото му се влошила состојбата.

Во СВР Велес случајот е пријавен вчера во 12:35 часот.

Портпаролот на Здравствениот дом во Велес, Страхил Тодоров изјави дека родителите го донеле детето вчера во 11:54 часот во амбулантата на Брза помош.

Портпаролот на Општата болница Весна Неделковска-Николова информира дека детето е примено во коматозна,цијанотична состојба без сопствено дишење и без срцева акција.

– Веднаш е започната реанимација  по протокол, но не е воспоставена срцева акција и дишење и е констатирана смрт во 12:20 минути – информира Неделковска-Николова.

Според информации од двете здравствени установи, родителите утрото околу 8 часот го однеле детето на преглед кај неговиот матичен лекар.

Поврзани новости