Дејвид Крозби, еден од највлијателните пејачи и текстописци во 1960-тите, почина на 81-годишна возраст, потврди неговата сопруга за Variety.
Рокерот ветеран беше коосновач на два од најголемите бендови од 1960-тите: Бирдс и Крозби и Крозби, Стилс, Неш и Јанг.
„Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“, рече неговата сопруга во изјава за Variety. „Мир, љубов и хармонија до сите кои го познаваа Дејвид и оние што ги допре. Многу ќе ни недостасува. Во овој момент, со почит и љубезно бараме приватност додека тагуваме и се обидуваме да се справиме со нашата длабока загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите“.
Крозби е роден во Лос Анџелес, Калифорнија во 1941 година како син на кинематограферот оскаровец Флојд Крозби, кој доби Оскар за неговата работа на филмот „Табу“ од 1931 година и Алиф Ван Кортланд Вајтхед, продавачка во стоковната куќа Мејси.
Тој се приклучи на Бирдс во 1964 година, кои го постигнаа нивниот прв хит со песната на Боб Дилан „ Mr. Tambourine Man“. Крозби, Стилс и Неш, кои станаа Крозби, Стилс, Неш и Јанг откако Нил Јанг се приклучи, беа основани следната година и објавија серија хитови вклучувајќи ги „”Marrakesh Express,” “Just a Song Before I Go,” и “Woodstock.
Додека успехот на Крозби продолжи во 1980-тите, тешката употреба на дрога и наштети на неговата кариера и доведе до затворска казна од девет месеци во државен затвор во Тексас во 1985 година.
„Немам поим како сум жив, а Џими [Хендрикс] не е, а Џенис [Џоплин] не е и сите мои други пријатели“, изјави тој за Ролинг Стоун во 2014 година, неколку години откако се исчисти. „Немам поим зошто јас, но имав среќа.
Крозби продолжи да прави музика и потоа да оди на турнеи уште три децении, зацврстувајќи ја својата репутација како еден од најзначајните музичари на 20 век. Тој најави дека ќе се повлече од турнеите во мај 2022 година.
„Премногу сум стар за да го правам тоа повеќе“, изјави тој за Best Classic Bands. „Јас немам издржливост, немам сила“.
Крозби беше примен во Рокенрол Куќата на славните двапати, еднаш во 1991 година со Бирдс, а потоа повторно шест години подоцна со Крозби, Стилс и Неш.
Зад себе ги остави сопругата Јан Денс, синот Џанго, синот Џејмс Рејмонд и двете ќерки Ерика и Донован од претходните врски.