На 95 гоидини почина францускиот политичар и адвокат Роберт Бадентер, пренесува „Ле Монд“.
Бадентер, поранешен социјалистички министер за надворешни работи на Франција, е роден во 1928 година во Париз.
Бил и професор по право на Сорбона, претседател на францускиот Уставен совет и сенатор на француското национално собрание.
Во својата долга правна и политичка кариера главно се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што му успеа во 1981 година. Тој исто така беше посветен борец за декриминализација на хомосексуалноста.
Бадентер претседаваше со Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија, која во 1991 година заклучи дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) признаа државна независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија, попозната како Бадентерова комисија, беше арбитражна комисија формирана од Советот на министри на Европската економска заедница (ЕЕЗ) на 27 август 1991 година, чија задача беше да промовира мирно разрешување на кризата со решавање на спорни правни прашања во поранешна Југославија.
Роберт Бадентер е назначен за претседател на петчлената комисија составена од претседатели на уставните судови од земјите-членки на ЕЕЗ.
Според мислењето на комисијата, во заклучокот донесен на 29 ноември 1991 година, СФРЈ се распадна, а границите меѓу поранешните федерални единици се земени како државни граници на новосоздадените земји, кои не можат насилно да се менуваат.
Оваа одлука даде правен основ за признавање на независноста на републиките од поранешна СФРЈ.
Овој еврејски интелектуалец, чиј татко починал во германски концентрационен логор, бил честа мета на омраза кај француската десница, делумно карактеризирана со антисемитизам, објави Ројтерс.