Почина првиот доктор од корона вирус во земјава

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил посочи дека денеска во ГОБ „8 Септември“, на 64 годишна возраст починал д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.

„Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, вели Филипче.

Поврзани новости