Почина проф. д-р Марија Христова, доајен во педијатријата

by fokus

Вчера почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија.

-Со неизмерна тага и скршени срца ве известуваме дека на 29.11.2024, Проф.д-р Марија Христова замина од овој свет. Беше еден од доајените на македонската педијатрија, која целиот свој животен век го посвети на лекувањето и здравјето на најмладите и најранливите. Остави празнина што никогаш нема да може да се пополни, но спомените за нејзиниот живот и љубов ќе останат засекогаш со нас. Погребот ќе се одржи утре (недела) на 01.12.2024 на градските гробишта Бутел. Изразување сочувство во капела од 12:30 до 13:30 часот, објави нејзината ќерка, Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист.

Поврзани новости