На 81-годишна возраст почина Прим. Д-р Милош Грубовиќ.
Прим. д-р Милош Р. Грубовиќ e роден на 17.02.1941 година во Беране, Црна Гора. Медицинскиот факултет и специјализацијата по трансфузиологија ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје.
Тој еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во РМ и основоположник на доброволното крводарителство во РМ.
За неговите заслуги и постигнати резултати од значење на напредокот на државата, д-р Грубовиќ е одликуван е со Орден на труд со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ, а за својот голем хуманизам и значителен допринос во унапредување на здравството и крводарителствотo ја доби “13. Ноемвриска награда” од градот Скопје и “21. јулската награда” на градот Беране, Црна Гора, од каде што потекнуваше.
Тој е добитник и на многу други највисоки државни награди и признанија на териториите на бившата Југославија, Македонија и Црна Гора. Со неговото заминување Македонија изгуби еден голем професионалец, хуманист и филантроп.
Погребот ќе се одржи на 17.12.2022 во 14 часот на гробиштата во Бардовци, а капелата ќе биде отворена од 13 часот.