Почина претседателот на СДПМ, Бранко Јаневски

by fokus

Вчера, по кратко боледување, почина претседателот на Социјалдемократската партија на Македонија, Бранко Јаневски.

„Бранко Јаневски до крајот на својот живот ја извршуваше функцијата претседател на СДПМ, беше борец за подобар развој на демократијата и особен развој на општествениот, политичкиот и економскиот живот за општото добро на граѓаните. Тој беше позната личност на македонската јавност, сопруг, пожртувуван татко, дедо, пријател.

Последна почит ќе му дадеме во сабота на ден 31.08.2019 година, со почеток од 10.00 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел, Скопје“, велат од СДПМ.

Поврзани новости