Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ

by fokus

Српските медиуми предмалку пренесоа вест дека починал српскиот актер Милан Лане Гутовиќ на 76 годишна возраст, после долга и тешка болест. Тој минатата недела бил примен во Клиничкиот центар во Белград поради респираторни проблеми, а состојбата во последните два дена му се влошила и бил приклучен на респиратор.

Веста ја потврдил неговиот син Саша Гутовиќ. Во дел од медиумите се вели дека актерот имал респираторни проблеми. Сите тестови покажале дека е негативен на Ковид-19, но сепак се претпоставува дека имал компликации после претходно прележаниот вирус.

Лане Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во Белград. Сакал да запише Природно-математички фактултет, но сепак си ја пробал среќата на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, каде веднаш бил примен.

Благодарение на тоа што неговиот талент бил веднаш препознаен, публиката ќе има можност да ужива гледајќи го во голем број телевизиски и филмски проекти како „Метал без дршке“, „Отворена врата“, но веројатно улогата која ја одбележа неговата кариера е ликот на Среќко Шојиќ од серијалот „Тесна кожа“.

Поврзани новости