803
По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски.
Тој работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот, поблескавата.
„Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“, се вели во дел од соопштението од колективот“, велат од Луј.