Почина познатата српска актерка Милена Дравиќ

by Фокус

Милена Дравиќ, една од најголемите српски актерки, почина ноќеска во Белград на 79 години, по долго и тешко боледување.

Дравиќ ја доби наградата за најдобра споредна улога на Канскиот фестивал, специјалната награда Златна роза на Филмскиот фестивал во Венеција, како и најспрестижните награди на екс југословенските простори, поради што се смета за најголема ѕвезда во историјата на српската и на југословенската кинематографија.

Нејзин сопруг беше познатиот актер Драган Николиќ, кој почина пред две години.

Поврзани новости