„Последниот шеф“ на италијанската мафија, Матео Месина Денаро почина девет месеци откако беше уапсен по 30 години во бегство.
Во јануари кога беше уапсен, 61-годишниот Денаро боледуваше од рак бил префрлен и задржан во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија, откако неговата здравствена состојба се влошила во последните недели.
Денаро не побарал „агресивен“ медицински третман, а медицинските лица, додава агенцијата, престанале да го хранат, откако било констатирано дека е во неповратна кома.
Тој беше осуден за бројни злостроства, меѓу кои и за неговата улога во планирањето на убиствата на легендарните антимафијашки обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, злосторства што ја шокираа Италија и светот.