466
Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада.
Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел на последната прес-конференција на поранешната канцеларка.
Портпаролот на германската влада, Стивен Хебестрајт, изјави дека Фиц починалa по кратко и тешко боледување.
Според „Т-онлајн“, Фиц ималa рак. Пред да ѝ се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работелa за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата „Аксел Спрингер“.
Таа му се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.