Почина поранешниот претседател на Грција Карoлос Папуљас

by Fokus

Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој беше на чело на државата во два мандати од 2005 до 2015 година, почина денеска на 92-годишна возраст, соопштено е во Атина.

Папуљас во два наврати беше и шеф на дипломатијата, објави „Ројтерс“.

Тој беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу.

Грчкиот претседател Катрин Сакеларопуло го пофали Папуљас за неговата улога во движењето на отпорот против нацистичката окупација во Втората светска војна и воената хунта во Грција од 1967 до 1974 година.

-Неговото учество во националниот отпор и борбата против диктатурата ја одразува неговата континуирана посветеност на идеалите за слобода и правда што ги бранеше во текот на својот живот, рече таа во соопштението.

 

Поврзани новости