Почина поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони

by Fokus

Денеск почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, во болницата “Сан Рафаеле£ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.

Берлускони беше примен во болница во Милано во петокот на закажани тестови за леукемија. Пред тоа, тој помина неколку недели во болница, пренесе агенцијата АНСА.

Братот на Берлускони Паоло и неговата ќерка Марина пристигнаа во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

Берлускони, беше сенатор и лидер на десничарската партија Форка Италија – помал партнер во коалициската влада на премиерот Џорџо Мелони.

Берлускони, кој беше милијардер и медиумски тајкун, се искачи на врвот на италијанската политика во 1990-тите, водејќи ја земјата речиси една деценија во три мандати како премиер.

Последниве години, пак, неговата политичка кариера беше извалкана со низа скандали, кои се одразија на падот на неговиот личен профит и влијание.

Последните општи избори во Италија, на кои неговата партија Форка Италија се приклучи на владејачката коалиција на Мелони, го одбележаа враќањето на Берлускони на националното внимание – иако во намалена улога.

Нема назначен наследник подготвен да го замени Берлускони како лидер на Форца Италија.

Берлускони беше претседател на италијанскиот фудбалски клуб Монсе. Во декември лани тој вети дека ќе ги мотивира играчите така што ќе испрати автобус со проститутки во нивната соблекувална.

Берлускони беше познат по своите сексуални испади на познатите вечери „бунга, бунга“. Тој претходно беше осуден на седум години затвор поради проституција со малолетнички при организирани забави. Казната е укината во жалбена постапка.

Берлускони претходно беше сопственик на фудбалскиот клуб Милан. Под владеењето на Берлускони, Милан живееше златна ера. Беше петкратен европски шампион и осумкратен шампион на Италија во периодот од 1986 до 2017 година.

Поврзани новости