Почина поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг

by Fokus

На 69-годишна возраст почина поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Ли беше втор, по ранг лидер во Кина од 2013 до оваа година, а во март се повлече од сите политички позиции.

Државната служба на Кина извести дека Ли Кечијанг вчера доживеал срцев удар, додека бил на одмор во Шангај, и дека и покрај сите обиди за реанимација, тој починал десет минути по полноќ.

Тој е без овластување откако претседателот Шји Џјинпинг стана најмоќниот кинески лидер по децении консолидирање на контролата врз економијата и општеството. Ли беше економист и ја имаше втората најмоќна позиција во Кина, но во последните години беше изолиран во главното државно раководство, јавува Би-Би-Си.

Тој беше единствениот висок функционер кој не припаѓаше на групата лојална на претседателот Шји.

На социјалните мрежи во Кина, многумина изразуваат жалење за смртта на Ли. Веб-страниците на државните медиуми се обоени во црно, но на државните медиуми за неговата смрт се зборува многу умерено, наведува Би-би-си.

Поврзани новости