Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

by Fokus

Поранешниот голман на Вардар, Силекс, Македонија ЃП и неколку други клубови, Дејан Костуранов, почина денеска на 38-годишна возраст, информираа од фудбалскиот клуб Вардар.

“Со длабоко жалење ја информираме јавноста дека денес, на 38 годишна возраст почина Дејан Костуранов.

Својата долгогодишна успешна кариера како голман, Дејан Костуранов ја започна токму во ФК Вардар, каде што беше дел првенствено од младинските категории.

Миленик на навивачите, засекогаш ќе остане препознатлив по посветеноста, како и професионализмот кој го красеше во текот на целата играчка и тренерска кариера”, објавија од ФК Вардар.

Поврзани новости