Поранешната олимписка лизгачка Александра Пол (31) загина во сообраќајна несреќа во Канада во вторникот. Таа во автомобилот била со нејзиниот син.
Александра била во едно од седумте возила во кои удрил камион кој излегол од контрола и поминал низ градежна зона во градот Мелантон.
Камионот наводно не успеал навреме да забави пред да удри во низа автомобили веднаш по 15 часот, објави канадскиот печат.
10-месечниот син на Александра, кој бил на седиштето за чудо го преживеал сударот и бил пренесен во блиската болница со повреди кои не се опасни по живот.
Кај Александра била констатирана смрт на местото на настанот.
Во несреќата се повредени уште три лица, меѓу кои и една 67-годишна жена која со тешки повреди со хеликоптер била пренесена во болница.
Против возачот на камионот засега не е покренато обвинение.
Александра ја претставуваше Канада со нејзиниот партнер и сопруг Мичел Ислам на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година, каде што се пласираа на 18-то место во мешан танц на мраз.
Заедно со лизгање почнаа во 2009 година.
Тие се пензионираа во 2016 година откако освоија бронзен медал на натпреварот во САД.
Се венчаа во 2021 година, а синот Чарли го добија во 2022 година.