811
Денеска, на 11.11.2021 после боледување од Ковид, на 90 годишна возраст не напушти Георги Стоев Христов (Јан Пирински), почесен претседател на ОМО Илинден Пирин, соопштија денеска од партијата.
-Голем човек и голем Македонец, чичко Георги почина во својата 30 годишнина како Главен и одговорен уредник на „Народна волја“, весник што тој го издаваше во Бугарија наспроти сите проблеми на кои наидуваше – конфискување, смртни закани по телефон и сл.
Се претвори во симбол на издржливоста на македонскиот дух во Пиринска Македонија. Од 2012 до 2021 г. беше копретседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН, а во јуни годинава беше изгласан едногласно за почесен претседател на партијата.
Остави безбројни статии, некои од кои се собрани во неговата книга „Гневот на правдата“ (овде може да ја превземете: http://gnevot-na-pravdata.com/), наслов кој добро ја одразува неговата животна заложба, глад и жед за слобода и правда.
Во негово лице Македонците во Бугарија изгубија голем борец и лидер, човек кој вдахновуваше и воодушевуваше.
Не напушти за да влезе во меморијата и историјата.
Тоа е ден на жалост за сите Македонци во Бугарија!, напишаа од ОМО Илинден Пирин.