Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв

by fokus

Почина вториот планинар, по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, објави денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Фејсбук.

– Второто пронајдено лице е починато и се уште се наоѓа на местото на настанот. За да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, се наведува во објавата од ЦУК.

Синоќа околу 20 часот беше пронајден планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди,

Акцијата за спасување почна синоќа по добиен повик за итен случај на 112 откако едниот од планинарите паднал од карпа во провалија.

Поврзани новости