Почина писателот и преведувач д-р Драги Михајловски

by fokus

По долго боледување денеска во Скопје, на 71 годишна возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува Македонски Шекспир, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.

Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде и се пензионира, како редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето.

Проф. д-р Драги Михајловски е дoбитник на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание, наградите „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.

Поврзани новости