Јутјубери кои возеле Ламборџини додека снимале видео, удриле во семеен автомобил во Рим, при што загинало петгодишно момче, а неговата мајка и сестра биле повредени, пренсе Гардијан.
Малиот Мануел Усело (5) седел во смарт автомобил со неговата мајка Елана (29) и помладата сестра Аурора (4). Тие штотуку излегле од градинката, кога во нивното возило удрило ламборџинито во кое бил јутјуберот со другарите.
Момчето починало во болница, додека неговата мајка и сестра се тешко повредени. Девојчето во меѓувреме е пуштено од болница.
Таткото, кој дотрчал на местото на несреќата пеш, се обидел да го нападне возачот, но минувачите го спречиле во тоа.
Тројца од петте лица во спортскиот автомобил припаѓале на групата наречена „TheBorderline“.
„Раи њуз“ пишува дека по извршените тестови било утврдено дека возачот бил позитивен на канабис.
Несреќата се случила во средата попладне, а момчето починало на пат кон болница, се вели во извешајот.
Еден член на групата, која има 600.000 претплатници, во објава на Инстаграм рече дека тој не бил тој што возел и ги испратил своите мисли до семејството на младата жртва.
Матео Салвини, италијанскиот министер за транспорт изјави дека може „да предложи и одобри нов код за автопатиштата, но соочени со одредена глупост, која се претвора во трагедија, не можеме да направиме ништо“.